10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија се согласи да го смени името , но за Франција тоа...

Македонија се согласи да го смени името , но за Франција тоа не значи ништо

Како што јави дописникот на МИА, Рупник во оценката на одлуката на Франција да го блокира проширувањето на ЕУ, наведува дека францускиот претседател Емануел Макрон направил „историска грешка“.

– Не мислев дека Франција ќе отиде толку далеку и ќе се изолира со одлуката да го блокира започнувањето на преговорите со С. Македонија и Албанија. Холандија, која не се спротивставуваше на преговорите со С. Македонија, на пример, сакаше да се раздвојат двете земји, вели Рупник.

– Би сакал да се навратам на случајот со С. Македонија. Оваа земја од поранешна Југославија не доживеа никаков голем етнички конфликт. Односите се мирни меѓу словенското мнозинство и албанското малцинство. Проевропската коалиција дојде на власт во 2016 година. Таа успеа да го надмине грчкото противење за влез во ЕУ, со тоа што се согласи да го смени името на својата земја. Овој влог, на кој се противеше јавното мислење, беше направен во името на европската перспектива. Во Франција не го мериме значењето на симболиката на оваа одлука, особено по една деценија на националистички режим што работеше на промена на историјата на оваа земја. Денес, сето ова е торпедирано со француската одлука, заклучува францускиот експерт за Балканот во интервјуто за весникот „Ла Кроа“.

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...