13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаШЕЌЕРИНСКА: НАТО ни донесе инвестиции

ШЕЌЕРИНСКА: НАТО ни донесе инвестиции

Успеавме да ги оствариме резултатот за кој сонуваа генерациите во изминатите речиси 30 години и еве не, на чекор до членство во НАТО. Оваа масовност вечерва, во преполна сала покажува дека Малешевијата и Берово сакаат оваа држава да остане на правиот, на вистинскиот пат, со овие зборови го започна обраќањето заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на граѓанската трибина „На прав пат“ во Берово.
-Од моментот кога сакаа со крв да спречат промена на власта, за само 2.5 години успеавме да го оствариме резултатот за кој сонуваа нашите генерации 30 години наназад.  Тој резултат, тој успех, таа наша победа, не ни падна од небо, не ни го поклони никој. Тоа е резултат на желбата и храброста на граѓаните и способноста, истрајноста на оваа Влада предводена од СДСМ, додаде Шекеринска.
Заменик претседателката Шекеринска рече дека уште само три држави е потребно да го ратификуваат нашиот договор за да бидеме дел од најмоќниот и најбогатиот сојуз во светот-НАТО.
-Очекуваме  Холандија и Франција да завршат во наредните неколку недели. Во Шпанија зависи од изборите но очекуваме наскоро и таму да се заврши. Но без разлика дали ќе се стигне до декември, нашиот премиер на Самитот на НАТО ќе биде на масата со Трамп, со Меркел, со Столтенберг, таму каде што ни е местото.
НАТО не значи само безбедност, стабилност и сигурност, НАТО значи и инвестиции. Со самата покана за НАТО ние успеавме да донесеме 4 пати повеќе инвестиции отколку времето на ВМРО-ДПМНЕ, рече Шекеринска на граѓанската трибина На прав пат во Берово.
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...