12.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаУтре се празнува Свети Лука, се верува дека лично ја познавал Богородица

Утре се празнува Свети Лука, се верува дека лично ја познавал Богородица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Утре е Св. апостол и евангелист Лука.

<

Покрај дванаесетте, постоеја и други 70 апостоли. Во редот на тие 70 беше и свети Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучи медицината и сликарската уметност. Тој ги наслика првите икони на Богородица, како и на првите меѓу апостолите Петар и Павле. Свети Лука е основачот на иконописот во Црквата. Му беше сопатник и соработник на апостолот Павле се до неговата смрт.

Со него патуваше и го проповедаше Христовото Евангелие и во Македонија. По смртта на божествениот Павле, тој едно време помина во Египет, а оттаму отиде во Грција. Таму многу пострада, проповедајќи го воскреснатиот Христос, и најпосле, во Теба Беотиска, незнабошците го обесија на едно маслиново дрво. Од него ни остана едно Евангелие, а ја напиша и книгата Дела апостолски, и двете упатени, како писма, до некој великодостојник Теофил.

Според верувањата, се смета дека светецот претскажува каква ќе биде зимата. Ако на овој ден добитокот лежи со свиткани нозе, ќе биде долга и ладна зима.

Се почитува како заштитиник на медицината и фармацијата, болницата и аптеките, лекари, фармацефти, и болни, многу семејства.

Познато е дека лекувал бесплатно. Се верува дека неговите мошти имаат исцелителна моќ.

Се смета дека Свети Лука лично ја познавал Богородица и дека трите икони со нејзин лик кои светителот ги налсикал се најблиски до нејзиниот вистински изглед, а позната е „икона во иконата“ која го претставува Светиот Лука и во прспектива иконата на Богородица која светителот на отсликува.

Поради ова се смета за основач на иконописот.

Свети Лука е заштитник на лекарската професија и болниците. Овој празник најавува дека зимата чука на врата и дека треба да се подготвиме за неа.

Свети Лука го задолжил православието поради што денеска не треба да се работат тешки работи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV

Премиерот Христијан Мицкоски во негово и во име на Владата го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата Лав XIV. - Изборот на...

Американецот Роберт Превост е новиот папа – Неговото ново име е Лав XIV

Откако над Систинската капела беше пуштен бел чад, што означуваше дека кардиналите го избраа 267-от поглавар на Римокатоличката црква, беше објавено кој е новиот...