11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаНа 16-месечната Анастасија лекарите од една скопска болница ѝ извадија тумор од...

На 16-месечната Анастасија лекарите од една скопска болница ѝ извадија тумор од два килограми

На шеснаесетмесечната Анастасија лекарите од една скопска болница и извадија тумор тежок два килограми.

На Анастасија на 7 месеци ѝ бил дијагностициран тумор во стомакот. Стомакот почнал да се зголемува, а дишењето станувало сè потешко и потешко. Малото бебе често повраќало и барало постојано да биде во рацете на мама и тато. Само така успевала да се смири за момент, сè дури не започнела следната епизода на болка.

Малото и кревко бебе било оперирано веднаш по дијагнозата и ѝ бил отстранет туморот. Но проблемите не завршиле тука. Дел од туморот останал во стомакот и продолжил да прави дополнителни проблеми. По 4 хемотерапии, туморот почнал повторно да расте, а докторите кренале раце од Анастасија. Избезумените родители биле подготвени да направат сè за своето чедо. Барале спас секаде. За нивна среќа, велат, судбината ги довела кај д-р Ристо Симеонов во една скопска болница.

Во претходната операција не беше отстранет целиот тумор и тој продолжил да расте многу интензивно. Од малото кревко тело на пациентчето извадив два килограми туморска маса. Туморот притискаше на дијафрагмата и вена кава, а Анастасија имаше отежнато дишење, и ако не се направеше интервенцијата веднаш, исходот ќе беше летален. Кај овој тип малигнен тумор нема потреба од хемотерапија ако се направи целосно отстранување. Туморот правеше голем притисок во левиот бубрег и слезинката, и бидејќи беа зафатени и овие делови, мораше да се отстранат и тие. Препораките се редовни контроли со ехо. По еден месец од интервенцијата, ехонаодот е уреден, а девојчето продолжи со нормален живот. Овие тумори се ретки и многу ризични бидејќи ако има потреба од хемотерапија, колку што е сериозна операцијата, толку е сериозна и хемотерапијата. Туморот треба добро да реагира на хемотерапијата, а и детето добро да ја поднесе истата, објасни д-р Симеонов.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...