6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСо пари од корупција албански и македонски функционери купувале имот во Албанија

Со пари од корупција албански и македонски функционери купувале имот во Албанија

Судот во Драч ја преиспита одлуката, за определување на притвор за 20 лица вклучени во скандалот за отуѓување на земјиштето во областа на заливот Лалзи во соседна Албанија, при што за дел од приведените ја потврди одлуката донесена пред два дена пренесува албански медиуми. Станува збор за поранешни службеници во Катастарот во Драч и други лица, кои беа вклучени во отуѓување на голема површина на земјиште во заливот Лалзи.

Меѓу приведените се поранешениот директор на Катастарот и поранешниот градоначалник на општина Ишм. Нивниот притвор дојде по повеќемесечна истрага за десетици просторни телефонски прислушувања, снимање и следења на лица вклучени во оваа криминална активност.

Против сите процесуирани лица, покрај истрагите за криминалните активности, започнати се и имотни истраги за имотите и банкарски сметки што можат да ги имаат на располагање тие, нивни роднини или пријатели.

Извори од Обвинителството известија дека во аферата со отуѓување на имотот вклучени се и функционери од Македонија, кои со финансиките средства кои ги стекнале со корупција купиле недвижен имот на албанскиот брег. Рочиштето за преиспитување на нивните мерки на претпазливост се одржа под бројни полициски сили.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...