Како што јавува Република по повод Денот на Републиката на Турција, Амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара одржа прием во хотелот Александар Палас во Скопје.
На приемот присуствувале и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, министерката за правда Рената Десковска, поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга, заменици министри, директори и други преставници на државни институции.
На приемот се случил скандал по кој претседателот на парламентот, Џафери го напуштил приемот во знак на протест. Имено претседателот на парламентот во салата бил присутен како највисок државен орган од присутните на приемот, но неговото потиснување во задните редови, кај Џафери предизвикало револт, поради што тој го напуштил приемот во знак на протест.
Дополнителна причина за неговото заминување била и таа што амбасадорката во својот говор поранешниот претседател Иванов го претставила како прв и како сегашен претседател на Република Македонија.