14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСкандал -Џафери збеснал и ја напуштил прославата за денот на Турција затоа...

Скандал -Џафери збеснал и ја напуштил прославата за денот на Турција затоа што го претставиле Иванов како претседател на државата

Како што јавува Република по повод Денот на Републиката на Турција, Амбасадорката на Република Турција, Тулин Еркал Кара одржа прием во хотелот Александар Палас во Скопје.

На приемот присуствувале и  претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, министерката за правда Рената Десковска, поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга, заменици министри, директори и други преставници на државни институции.

На приемот се случил скандал по кој претседателот на парламентот, Џафери го напуштил приемот во знак на протест. Имено претседателот на парламентот во салата бил присутен како највисок државен орган од присутните на приемот, но неговото потиснување во задните редови, кај Џафери предизвикало револт, поради што тој го напуштил приемот во знак на протест.

Дополнителна причина за неговото заминување била и таа што амбасадорката во својот говор поранешниот претседател Иванов го претставила како  прв и како сегашен претседател на Република Македонија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...