5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаСветМакрон ја разлути Бугарија: Претпочита емигранти од Гвинеја од колку илегалци од...

Макрон ја разлути Бугарија: Претпочита емигранти од Гвинеја од колку илегалци од Бугарија

Изјавата на францускиот претседател, Емануел Макрон, поврзана со миграцијата предизвика политички реакции во Бугарија. Макрон за француски десничарски весник коментираше дека претпочита во својата земја легални мигранти од Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска, кои ќе работат наместо нелегални работници од Бугарија и Украина, пренесе Бугарската национална телевизија.

„Претпочитам луѓето да доaѓаат легално од Гвинеја или Брегот на Слоновата Коска, отколку илегални бугарски или украински подружници“, рече Макрон.

На француски јазик: Je préfère avoir des gens qui viennent de Guinée ou de Côte-d’Ivoire légaux, qui sont là et qui font ce travail, que des filières bulgares ou ukrainiennes clandestines.

Во дел од меѓународните медиуми, како и во бугарските медиуми, цитатот е преведен како „бугарски и украински банди“, пишува „Јуропиан вјус“.

Во Бугарија, вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, го коментираше случајот на „Фејсбук“.  Според неговите зборови, ова е уште една манифестација на политичка ароганција.

Според Каракачанов, изјавата на Макрон е недопустлива и навредлива. Вицепремиерот го повика Министерството за надворешни работи да одговори.

„Јас категорично ги отфрлам сите обиди за дискредитација на нашата земја, како и кршењето на правата на бугарските граѓани“, рече Каракачанов.

На изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева побара од бугарскиот амбасадор во Франција, Ангела Чолаков, да испрати протестна нота до француското Министерство за надворешни работи.

Според неа, станува збор за личен избор на Макрон, но Бугарија се надева дека односите со Франција ќе останат добри.

Таа не знае дали зборовите се извадени од контекст, но вели дека изјавата на еден или друг начин е неприфатлива и не може да се генерализира целиот бугарски народ.

„Оваа изјава е навредлива за бугарската заедница во Франција. Слушнав дека тие се многу огорчени, бидејќи се добро интегрирана заедница и во секој случај не сметаме дека предизвикуваат проблеми“, додаде Захариева.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...