11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаСветОдвратно: Девојка пријавила силување за потоа да биде силувана од полицаецот ,...

Одвратно: Девојка пријавила силување за потоа да биде силувана од полицаецот , докторот , професорот и адвокатот

Шест лица се обвинети поради наводното силување на тинејџерката кое ја шокираше јавноста на Косово.

Тинејџерката наводно ја злоставувале професор, а потоа и еден полицаец во текот на две години од 2017, кога имала 16 години.

Обвинителите отворија истрага по извештајот што го објави истражувачкиот портал Инсајдери.

Полицијата во февруари соопшти дека уапсила професор, полицаец и гинеколог обвинет дека извшрил нелегален абортус.

Претседателот на Косово Хашим Тачи тогаш случајот го опиша како „трагичен“.

Случајот на таа девојка предизвика гневни реакции на Косово и поттикна јавна расправа во парламентот за статусот на жената во општеството.

Обвинителите во средата соопштија дека се обвинети шест лица „врз основ на сомнеж дека извршиле сексуално злоставување, ја злоупотребиле позицијата и со предизвикување на бременост со полово насилство“.

Порталот Инсајдери објави дека девојката прв пат ја силувал нејзин професор во 2017 во Глоговац.

Инсајдери наведе дека професорот во 2017 почнал сексуални односи со девојката и ѝ ветувал брак. Кога открила дека е оженет и дека има деца, го пријавила во полиција.

Полицаецот на кој му го раскажала проблемот ѝ се заканил дека на нејзините родители ќе им каже за нејзината врска со професорот, ако не оди со него четири пати неделно во хотел, што се случувало во 2018 година.

Кога забременила, полицаецот во јанури 2019 ја однел во Приштина на абортус.

Адвокатот кој ѝ бил доделен на девојката исто така ја силувал, како и гинекологот, според истиот извор.

Косовските медиуми пренесоа дека професорот и полицаецот ги негирале обвинувањата.

Кога беше објавена веста за насилството, стотици жени излегоа на улиците на Ксоово, барајќи правда за жртвите на сексуалното насилство и обвинувајќи ги властите дека не ги штитат правата на жените.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Голем настан во чест на легендарниот музичар Тоше Проески ќе се одржи во Дом на млади во Штип, на шести јуни годинава. Како што...

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата?!

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...