11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаАлијанса за Албанците обвинува: ДУИ именува Македонци во агенцијата за спроведување на...

Алијанса за Албанците обвинува: ДУИ именува Македонци во агенцијата за спроведување на албанскиот јазик

Алијансата за Албанците денеска преку соопштение обвини дека застапеноста на Албанците продолжува да биде запоставена дури и во институциите што се раководени од Албанците.

Агенцијата за спроведување на законот е новоосновано тело кое го надгледува спроведувањето на законот за употреба на јазиците, што беше донесен од страна на пратениците во Собранието. Оваа институција има обврска да го контролира спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, и албанскиот јазик како втор најзборуван јазик на државно ниво. Затоа, Алијанса за Албанците смета дека во оваа институција мнозинството вработени треба да бидат Албанци.

Се поставува прашањето како кадарот на ДУИ преку вработување на други националности ќе го контролира спроведувањето на Законот за употреба на албанскиот јазик, кога на клучните раководни позиции се вработуваат Македонци.

На конкурсот за вработување број 242/2019 за вкупно 5 работни места, вработени се тројца од македонска националност, еден Албанец и еден Ром. Државен советник за лекторирање – од македонска националност, државен советник за владина соработка и односи со јавност – од македонска националност, раководител на одделот за соработка со Владата на Република Северна Македонија, Сектор за поддршка на директорот – македонска националност, раководител на одделот за лекторирање, Сектор за превод и лекторирање – Албанец, соработник за мониторинг, промовирање и заштита на употребата на јазикот, Сектор за планирање, координација и развој – од ромска националност”, се наведува во соопштението.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...