10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаНеобична хуманитарна акција: ако сакаш кафе – донирај нешто корисно!

Необична хуманитарна акција: ако сакаш кафе – донирај нешто корисно!

Доаѓаш , порачуваш кафе, пиво или вино, ние ти носиме,  а ти не даваш пари, туку нешто корисно за едно  сиромашно семејство –  со оваа порака вчера „Бифе Тафталиџе“ги пречекуваше гостите пишува порталот ”Фактор”

Да се ужива во неделното кафе, а истовремено да се  биде  хуман – се чини невозможна мисија. Но, со добар тим и јасна визија се` е – можно.

 

Па така неделното кафепиење во „Бифе Тафталиџе“ вчера попладне  доби една поинаква- општествено корисна димензија: додека  рутински ги практикуваме  секојдневните  мали уживанции, малку да помислиме и на оние за кои  ваквите  луксузирања се незамисливи.

Сликари, музичари, писатели, новинари, бизнисмени, но и неброени знајни и незнајни граѓани доаѓаа со широка насмевка и полни торби, без многу помпа ќе  го оставeа она што го имаа донесено, ќе се напиеја нешто и си заминуваа. Доаѓаа со своте миленичиња за кои можеа да купат храна, да се почастат со некоја книга од Отец Пимен, Тихомир Јанчовски, или пак со производ од фирмите – донатори,  и на тој начин средствата од купениот производ ги насочуваа на адреса на загрозеното семејство.

 

– Сакаме да пратиме порака дека со помош од комшиите се` се може,само треба волја и мерак. Наместо гостите да ги наплаќаат пијалоците, решивме плаќањето да се прави исклучивово нерасиплива храна, средства за хигиена, средства за чистење, облека, обувки, постелнина, перници, ќебиња… Резултатот е – две полни комбиња од кои едното се упати на својата дестинација уште вчеравечер, а второто тргнува денеска – вели Саша Шотаровски сопственик на „Бифе Тафталиџе“  и еден од иницијаторите на хуманитарната акција.

 

Тој додава дека за загрозеното семејство чуле од пријател.

– Еден млад режисер Филип Лафазановски кој снима документарен филм за ова семејство, ни ја расказа оваа тажна приказна. Цел тим се согласивме дека мора некако да помогнеме .

 

Станува збор за семејството Трајановски од кумановското село Живиње. Милош, најмалиот син, сега е во петто одделение и иако роден со срцева маана, за да стаса до училиште, мора да пешачи по три часа.Постариот син Миле, кој заради немањето услови не успеал да заврши средно образование, бил вработен некое време, но потоа бил отпуштен. Тој бил и единствениот во семејството кој колку-толку придонесувал финансиски. Сега се оставени и без тоа.

– Сакаме колку-толку да го снабдиме ова семејство со најнеопходното, за да ја презимат зимата – велат од „Бифе Тафталиџе“ и оптимистички најавуваат дека и во иднина ќе организираат и други настани од овој тип.

М.П.Г. ФАКТОР

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...