14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаПасоши и лични карти со Северна ќе добиеме без разлика дали преговараме...

Пасоши и лични карти со Северна ќе добиеме без разлика дали преговараме со ЕУ или не

Недобивањето датум за отпочнување преговори со ЕУ нема да го одложи менувањето на личните документи на граѓаните на земјава со новото уставно име – Република Северна Македонија.

И покрај дилемите и дебатите кои се отворија во јавноста за тоа дали и во кои сегменти француското вето ќе ни го зачува старото уставно име Република Македонија, Договорот и законите се јасни и тие предвидуваат дека новото име ќе биде дел од пасошите, личните карти и возачките дозволи без разлика дали сме почнале преговори со ЕУ или не.

Имено, во договорот се предвидени два преодни периода за промена на постоечките документи – технички и политички. Политичкиот период е оној кој зависи од отворањето и затворањето на преговорите со Унијата, додека техничкиот не е врзан со тоа.

Според Договорот од Преспа, техничкиот преоден период се однесува на сите официјални документи кои се издаваат во земјава, а се наменети за меѓународна употреба, но и за документите за внатрешна употреба кои може да се користат и надвор од државата. Рокот за ова истекува во 2023-та.

– Ова значи дека „техничкиот“ преоден период е максимум пет години, во кој период треба сите постојни документи кои можат да бидат и за надворешна употреба да бидат во согласност со амандманите од 33 до 36 на Уставот – појаснуваат од Владата.

Покрај пасошот, тука се и личните карти бидејќи граѓаните може да ги користат за патување во речиси сите земји на Балканот, како и домашните возачки дозволи затоа што државата има потпишано низа договори со европски земји за меѓусебно признавање.

Од Владата засега немаат прецизен одговор кога ќе се почне со издавање лични карти и пасоши со новото име бидејќи, велат, станува збор за комплексна постапка во која ќе бидат специфицирани повеќе уставни и законски решенија. Но, најавуваат дека наскоро ќе се потпише договор.

– Во моментов се одвиваат преговорите во врска со техничките елементи и критериумите на набавката, а Договорот се очекува да биде потпишан наскоро. Во Договорот ќе биде специфицирана динамиката на испорачување на нарачката, во конкретно испланирани чекори и тоа фаза по фаза сукцесивно, со што ќе добиеме детално утврдена временска рамка за реализација на набавката усогласена со утврдените уставни и законски измени – велат од Владата.

Новото име нема да го има само на документите кои се исклучиво за внатрешна употреба. Со „Република Северна Македонија“ документите ќе се издаваат постепено со отворање на поглавјата со ЕУ.

– Овој преоден период е врзан со отворање на поглавјата со ЕУ и затоа и се вика „политички“, бидејќи не е однапред извесен туку зависи од друга политичка одлука – велат од Владата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...

СДСМ: Ги очекуваме првичните резултати од изборите.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, прес-конференција по завршувањето на претседателските избори, Скопје, 24.4.2024 година Изборниот ден помина во фер и демократска атмосфера, а граѓаните својата...

Таравари: По долги години ДУИ конечно оди во опозиција

Кандидатот за претседател од редовите на албанската „Вреди“, Арбен Таравари на првата прес – конференција по затворањето на гласачките места порача дека очекува на...

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...