4.9 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаАвстралијаПрилепчанка од Австралија ја добива престижната награда на град Прилеп

Прилепчанка од Австралија ја добива престижната награда на град Прилеп

Прилепчанката Билјана Јуруковска ја доби трето ноемвриската награда на град Прилеп.

Билјана веќе дваесет години живее со семејството во Австралија. Таа е сопруга и мајка на две деца а повеќе години работи како извршен директор на домови за нега на  постари лица.

Од 2014 година почнува да се занимава со аматерска фотографија како хоби , и не ни помислува дека ова хоби ќе ја однесе на многу необични места низ светот и ќе и донесе повеќе награди , признанија како и изложби на фотографии низ повеќе светски центри.

Инспирација и е светски познатиот фотограф Џими Џими Нелсон, кога  за прв пат во 2014 година го видела неговото списание силен впечаток и остава фтотграфија на африкански домородец од племето Мурси кој бил сликан со рогови од диво животно и калашников . Ова било толкава инспирација што купила фото апарат и почнала да слика. Набрзи ги посетила  најизолираните места во Африка и ги регистрирала ретките домородни племиња низ Етиопија и Ангола.

Одтогаш па се доденес фотрографиите на Билјана се барани и изложени низ повеќе светски центри ширум светот.  Билјана се гордее со родниот град Прилеп и родната земја Република Македонија а градот Прилеп оваа година и се оддолжи со престижната трето ноемвриска награда.

 

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Перо Антиќ активно учествува во предизборната кампања на Вучиќ

Перо Антиќ веќе некое време објавува фотографии и видеа на неговите профили од политичкиот ангажман Во Србија идната недела ќе се одржат избори, а во...

Истиот лек во Германија е 310, а во Македонија 970 денари!

Ова е лекот Ко Росвера од 20 мг и 10 мг. Го препишуваат главно кардиолозите, а служи за одржување на ниско ниво на холестеротот...

Бил Гејтс: Интернетот помогна „лудите“ луѓе да се најдат едни со други

Мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил...

Османи: Следната мисија на ДУИ е претседател на државата

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи денеска во изјава за медиумите рече дека следната мисија на ДУИ е претседател, бидејќи тоа е единствената функција која...