5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветБугарите се навредиле дека Макрон ги нарекол бандити па и врачиле протестно...

Бугарите се навредиле дека Макрон ги нарекол бандити па и врачиле протестно писмо на амбасадорката

Француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин, им рекла на бугарските власти дека зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон биле погрешно пренесени и извадени од контекст.

Во интервју за десничарскиот весник „Актуелни вредности“ Макрон рече дека „повеќе ги сака илегалните мигранти од Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска отколку бандите од Украина и Бугарија“.

Тоа беше окарактеризирано како дипломатски скандал и Бугарија итно ја повика француската амбасадорка во земјата на разговор.

Така, Флоренс Робин во бугарското Министерство за надворешни работи објаснувала што навистина рекол Макрон.

Таа била повикана на разговор со бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Петко Дојков, кој ѝ рекол дека Софија е збунета поради ставот на францускиот претседател, објави синоќа бугарското Министерство за надворешни работи.

Според агенцијата БТА, Дојков рекол дека Макрон нема основа за искажување вакви ставови и дека односите меѓу двете земји се на многу високо ниво, дека бугарската заедница во Франција е добро интегрирана и дека Бугарија нема добиено никакви поплаки од Франција за какви било инциденти од нивна страна.

Француската амбасадорка изразила жалење за непријатноста, истакнувајќи дека зборовите на Макрон биле погрешно протолкувани и извадени од контекст.

„Ова во никој случај не се однесува на бугарската влада, бугарските граѓани или бугарските работници, кои се добро примени (во Франција) и кои го докажаа својот професионализам“, рекла Робин, соопшти бугарското министерство.

Таа додала дека односите меѓу двете земји се одлични и дека се надева дека тие ќе продолжат по својата нагорна патека.

Бугарија во саботата испрати протестна нота до Франција во врска со изјавите на Макрон во интервјуто објавено во петокот.

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева му наложила на бугарскиот амбасадор во Париз да испрати протестна нота до француското министерство за надворешни работи.

Захариева рече дека зборовите на Макрон биле навредливи и неприфатливи и дека таа не ја разбира причината за ваквата изјава на францускиот претседател и дека веројатно се работи за некои внатрешнополитички проблеми.

Захариева изрази уверување дека ова недоразбирање ќе се реши преку дипломатски канали.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...