18.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаДа и помогнеме на оваа бабичка: Баба Ружа има 89 години...

Да и помогнеме на оваа бабичка: Баба Ружа има 89 години и живее сама во трошна куќичка многу многу далеку од центарот на градот.

Баба Ружа има 89 години и живее сама во трошна куќичка многу многу далеку од центарот на градот. Баба Ружа нема семејство, нема роднини, нема пријатели, нема лична карта, нема здраствено осигурување, нема финансии.Image may contain: 1 person, indoor

Баба Ружа е препуштена сама на себе. Додека имала сила се трудела да поработи нешто, да испере, да зготви, да исчисти, да ја одгледува својата градина, но годините го прават своето. Баба Ружа е тешко подвижна и тоа и е голем проблем за да може да продолжи да живее сама. Зимата е тешка сама по себе, но најтешка за неа. Проблем се дрвата кои ги нема и не знае со што би се греела цела зима. Прв пат кога ја запознав бев лута, тажна и среќна. Лута на времето во кое живееме и државата во која живееме каде што се повеќе и повеќе има случаи на кои им е потребна помош. Тажна затоа што баба Ружа е сама и гладна, но среќна затоа што можам и сакам да и помогнам. Баба Ружа вели дека сега најискрените пријатели и се волонтерите и вработените од Црвениот крст кои ја посетуваат и и помагаат. Кога таа ќе се насмее и израдува кога ќе не види, мене ме огрева сонце.
Јас денес ја израдував баба Ружа и срцето ми е полно, а што направивте вие?

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Затвореник од Идризово во својот дом ја нападнал сопругата, запалил дел од облеката, ги земал децата и исчезнал

На 15.04.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, 27 – годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од...

Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер

Транспортирано болно лице од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер Денеска беше реализиран успешно транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер („медикоптер“) на болно...

За една година затворени 14 училишта во Македонија

За една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта, покажуваат бројките кои ги објави Државниот завод за статистика. „Според податоците на Државниот завод за статистика,...

„ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА“: Новинарот Фуркан Салиу со уште еден „упад“ во клиника, овој пат обвинува за непотизам на Токсикологија

Новинарот Фуркан Салиу во уште едно видео за ПорталХ, обвинува дека директорот на Клиниката за Токсикологија си ја вработил снаата. „Директорот заборавил дека ја вработил...