10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСам со пет малолетни деца, Вукановски бара помош

Сам со пет малолетни деца, Вукановски бара помош

Во сторија за Сител -Во една соба во трошна селска куќа живее 7 членото смејство Вукановски во кумановско Бељаковце. Зоран е самохран родител на 5 малолетни деца. Најмалото има 6, а најголемото 15 години учи во средно и престојува во интернат во Куманово. Пред 5 години Зоран се развел од сопругата и од тогаш сам секој ден ги испраќа и пречекува децата од училиште.

-Тешко е… Јас треба да исперам да испечам леб, се е преку мене, изјави Зоран Вукановски.

Единствен приход на семејството е пебнзијата од 10.000 денари која секој месец ја добива мајката на Зоран и таа живее со нив.

-Правевме за мајка ми туѓа нега ме одбија. За децата додадок да земаме ми викаат треба нови изводи за сите, а јас само со пензијата од мајка ми ја имам, нема да имаме пари, додаде Зоран Вукановски од Бељаковце.

47-годишниот зоран понекогаш мзаработува со физичка работа, но вели дека тоа не е доволно ниту струја да плати.

-Имам 9000 денари долг за струја, ако ја исклучат и без вода ќе останам зошто водата е преку пумпа, рече Зоран.

Пред 8 години до старата почнале да градат нова куќа. Но, сиромаштијата ги попречила во нивните планови за подобри услови за живот на децата.

-Децата да легнат во соби, зошто видовте јас живеам во кокошарник, рече Зоран.

Зоран и децата се надеваат на помош од хуманите луѓе за овие ѕидови да бидат нивниот иден топол дом.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...