8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаАктерот Диме Илиев добитник на актерската награда за животно дело на „Петре...

Актерот Диме Илиев добитник на актерската награда за животно дело на „Петре Прличко

Актерот Диме Илиев од Драмскиот театар-Скопје кој од неодамна е во пензија, годинава е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ што ја доделува Општина Велес.

Диме Илиев одиграл над 150 театарски улоги од кои поголем дел главни, осум улоги на филм, 18 телевизиски и 200 радиодрамски улоги. Наградата „Петре Прличко“ е востановена во 2006 година, а на Илиев ќе му биде врачена вечерва во 20 часот во Велешкиот театар. Во негова чест театарот ќе ја изведе најновата претстава „Слуга на двајца господари“ во режија на Ненад Витанов.

Претседателот на жирито за доделување на наградата „Петре Прличко“ за 2019, Сашо Димоски, денеска на прес-конференција соопшти дека во конкуренција биле четворица актери и дека жирито едногласно ја донело одлуката добитник да биде 67-годишниот Диме Илиев.

Илиев е добитник и на голем број награди, почнувајќи од 1977 кога ја добил Наградата за најдобар млад актер за улогата на Младичот во „Црнила“, до наградата Актер на годината во 2015 што му ја додели „Дневник“.

Наградата што ќе му биде доделена вечер се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен износ од 500 евра. Општина Велес првично ја доделуваше заедно со Здружението на драмски уметници „Џинот“, а во последните неколку години самостојно..

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...