14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаРизов: Тетоважата „Мито е Тито“ ја направив од срце и со 60...

Ризов: Тетоважата „Мито е Тито“ ја направив од срце и со 60 отсто попуст ФОТО

Фанот на градоначалникот на Кавадарци, кој си го истетовира Митко Јанчев на ногата, добил 60 отсто попуст за тетоважата. Мајсторот за тетовирање, Пане Ризов вели дека навистина се изненадил кога слушнал што сака човекот да му истетовира.

– Не очекував да ми побара такво нешто. Но, од срце му ја нацртав тетоважата и му дадов 60 отсто попуст. Тетоважата не е завршена, сега заврши првата сесија. Готова е околу 80 отсто, но потребни се уште некои детали, кои за некои три недели треба да ги довршиме – за Плусинфо вели 22-годишникот.

Вистинската цена за ваква тетоважа, според Ризов, е околу 150 до 200 евра. За првата сесија биле потребни четири часа за да излезе тетоважата таква каква што е сега.

– Прв пат тетовирам политичар, а уште почудно ми беше што станува збор за градоначалник. Имам барања да тетовирам познати пејачки и ликови од естрадата, но засега не се реализирани. Ми барале да го тетовирам и фудбалерот Драган Михајловиќ – додаде Ризов.

Ни кажа дека најчесто црта реалистик и геометриски тетоважи. Од ликови, претходно го цртал кралот Тристан, како и бебето на негов пријател.

– Немам зад себе многу портрети, два-три најмногу. Инаку, работам на тетоважи и во боја и црно-бели, во секаков стил – дециден е Ризов.

Инаку, Ризов го наследил занаетот од својот татко, кој на времето исто така имал вакво студио во Кавадарци.

– Уште од четвртто одделение имав амбиции да тетовирам, татко ми имаше студио. Барав да ме научи и јас да цртам, но ми велеше оти сум многу мал и дека ќе ме научи кога ќе пораснам. Дури и кога имав 18 години, моите родители не ми даваа да тетовирам, бидејќи мислеа дека ќе згрешам оти немам доволно искуство. Потоа татко ми замина да вози камиони во Шведска, а куферот со машинката го остави дома, така почнав да ги крадам и да работам. Прв го истетовирав мојот најдобар другар. Може да се каже и дека тој ме натера на тоа. Сакаше да му нацртам кинеска буква. Му реков дека може да згрешам бидејќи ми е прв пат, но тој ме убедуваше дека има доверба во мене. По таа тетоважа, го истетовирав уште два – три пати. Четвртата тетоважа беше за мене и беше поголема. Тогаш си реков ако ја истетовирам како што треба, ќе се занимавам со ова. Ако не, ќе се откажам. Така почна мојата приказна – раскажа талентираниот уметник.

Сега веќе две години го има студиото „Булфрог“, а претходно две години работел по дома.

– Цело Кавадарци ми ѕвони од утрово, сите ми пишуваат и ме прашуваат за славната тетоважа – заврши уметникот.

извор:плус инфо

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...