5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: За нас нема алтернатива и друго решение, Европа е нашиот сон.

Мицкоски: За нас нема алтернатива и друго решение, Европа е нашиот сон.

За нас нема алтернатива освен она кое што го зборуваме цело време, а тоа е полноправно членство во рамките на Европската Унија, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со денешната трилатерална средба во Охрид за т.н „Мал Шенген”.

– И во минатото кажавме, и сега ќе го повториме истиот став дека секоја можност која Македонија може да ја искористи, а да се подобри квалитетот на животот на граѓаните, треба да се искористи, но тоа се решава со билатерални договори, смета Мицкоски.

Тој рече дека нема информација какви се одлуките и што се разговарало, но призна дека за време на нивната последна лидерска средба во кабинетот кај претседателот Стево Пендаровски побарал објаснување.– Тогаш добив објаснување од две реченици кое што буквално не беше ни на ниво на енциклопедиско објаснување, а камо ли за некакви суштини.

Така што од она што можеме да го слушнеме на нивните прес – конференции и од она што циркулира во јавноста, не можам да извлечам точен заклучок за што точно се работи, ниту пак имам било каква информација, но ќе повторам, за Македонија не постои друга алтернатива освен полноправно членство во рамките на Европската Унија, рече Мицкоски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...