6.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонија„Мал Чернобил“ вака вработените ја нарекуваат поранешната фабрика Охис

„Мал Чернобил“ вака вработените ја нарекуваат поранешната фабрика Охис

„Мал Чернобил“ вака вработените ја нарекуваат поранешната фабрика Охис. Во организирана обиколка, јавноста конечно доби можност да види дел од токсичниот отпад кој со децении е сместен овде. Цистерни, силуси, рѓосани машини, цефки сведочат за некогашната голема хемиска фабрика но надлежните не откриваат што се се крие во нив.

-Миризбата на метил акрилат мономер се уште се чувствува во кругот на поранешната фабрика ОХИС. Ова е силусот кој се чистел од оваа супстанца, во него има уште неколку тони вода.

Резултатите го покажуваат спротивното, метил акрилат не испарил во воздухот, супстанцата била присутна само во цефките од резервоарот. Министерот за животна средина Насер Нуредини тврди дека нема опасност за граѓаните иако тие алармираа за неподносливата миризба и се пожалија на здравствени проблеми. Нуредини сепак ќе бара одговорност од директорот на фирмата Еко центар 97.

Директорот не се плаши од одговорност и тврди дека работи согласно елаборатот. Компанијата ЕКо Центар 97 чисти хемиски отпад во радиус од 1 ипол километар, а работата ја добиле на тендер паралелно на продажбата на имотот на ОХИС.

Најопасна во ОХИС е оваа темпирана бомба- цистерна со околу 14 тони винил хлорид. Не се знае во каква состојба е материјата бидејќи ниту една странска фирма досега не се нафатила се уште да направи увид. Еко центар 97 ја обезбедува со 24 часовен надзор и постојано се разладува. Високо експлозивна материја е присутна три децении а при мал инцидент може да предизвика штети во невидени размери.

-Винил хлорид во Европа не се користи веќе 30 години, државите го исчистиле уште пред 3 децении. Тешко е да се најде фирма која сега ќе се справи со оваа цистерна. Само 2 печки во Европа има што можат да го согорат. Еко центар97 сме се уште во преговори, смета Владо Момировски, директор на Еко Центар 97.

Освен складираниот отпад подготвен за извоз, останатите хемикалии се уште испаруваат и се чувствуваат во воздухот. Линданот е исто така меѓу опасните видови отпад за кој се уште не заврши тендерската постапка за чистење. Голем и мал базен, потрупан со земја, преку која се шири токсична миризба. Но во ОХИС работат и фирми со Б интегрирана дозвола а меѓу нив има и прехрамбрена индустрија. Скопскиот градоначалник не знае под какви услови се одвива работата на овие субјекти.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...