6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски не му е равен: Пензиите од јануари ќе се зголемат за...

Груевски не му е равен: Пензиите од јануари ќе се зголемат за 700 денари

Пензиите од наредната година ќе бидат зголемени за 700 денари. Ова денеска го најави премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за презентација на буџетот за 2020 година.

„Владата се одлучи за ваквото покачување на пензиите имајќи ги предвид економските параметри односно зголемувањето на просечната и минималната плата. Зголемувањето на пензиите ќе биде од 700 до 730 денари“, рече премиерот Заев и најави дека министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на посебна прес-конференција ќе ги каже деталите за покачувањето на пензиите.

Заев на прес конференцијата рече дека буџетот за 2020 година е “скроен по мерка на граѓаните и е влог во луѓето во човечкиот капитал”. Кажа дека со буџетот се обезбедени пари за зголемување на платите во здравството и образованието, 7,3 милијарди денари се одвоени за субвенции во земјоделството, а буџетот на министерството за одбрана во 2020 година ќе биде 10 милијарди денари.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...