11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДојде животот: 250 Текстилни работници од Велес отпуштени од работа

Дојде животот: 250 Текстилни работници од Велес отпуштени од работа

Двесте и педесет текстилни работници од Велес останаа на улица, откако нивната фабрика, конфекцијата „Стоби“, ненадејно се затвори. Освен без работа, тие велат дека ќе останат и без отпремнина, која законски им следува во ваков случај. Работниците со кои разговаравме не сакаат нивниот идентитет да го знае јавноста.

Дел од нив се плашат дека ако јавно зборуваат, ниту по судски пат нема да си го добијат законското следување. Дел, пак, се надеваат дека фабриката можеби повторно ќе се отвори. Сепак, сите раскажуваат дека кога пред некој ден им завршила смената, им било кажано да не доаѓаат на работа, оти фабриката се затвора. Некои од нив велат дека дента потпишале бланко листови, за кои им било речено дека се нови договори.

Но, на крајот на смената сфатиле дека биле излажани и дека си потпишале договор за спогодбен раскин на работниот однос. Потврда за тоа дали има прекршување на законот, до почетокот на овие вести не добивме од трудовата инспекција, на која не упати министерката за труд Мила Царовска.

Велешката конфекција „Стоби“ ги отпушти работниците поради тоа што нивниот странски партнер им ја откажал соработката. Според некои информации, германската компанија „Олимп“ тоа го сторила од солидарност кон вработените, кои работеле прекувремено и во несоодветни услови, за плати од 12 илјади денари.

Се обидовме да ја провериме оваа информација и кај германска компанија, но до затворањето на овие вести одговор од нив не добивме. Телевизија 24 контактираше со сопственикот на велешката конфекција „Стоби“, Сашко Крстевски. Тој потврди дека странскиот партнер им ја откажал соработката, но демантира дека некаква солидарност кон вработените е причината. Тврди дека во однос на вработените, се е според законот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...

Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“

„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга. Во август 2021, Марко Новески,...

Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста

Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат...

Пазарната инспекција ќе контролира кој ќе работи на изборните неработни денови

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на шеснаесеттата седница одржана на...