10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотПолицијата влезе во домовите на членовите на новото македонско друштво во Бугарија,...

Полицијата влезе во домовите на членовите на новото македонско друштво во Бугарија, „ова е антимакедонска кампања“

Сите основачи на новото Граѓанско друштво за заштита на основни индивидуални човекови права во Бугарија, кое главно се занимава со правата на македонското малцинство во оваа земја, вчера биле посетени од бугарската полиција, по налог од обвинителството, и биле распрашувани за работата на ова здружение. Ова вчера се случуувало во Благоевград и во селото Черниче.

Здружението било регистрирано во бугарскиот суд на 30 август, и досега не пројавило некаква активност. Сепак, основачитте на ова друштво, во изјава за МКД.мк велат дека сите биле распрашувани за тоа кој ги собра и со која цел е основано здружението, зошто активностите се однесуваат само на лица кои се самоопределуваат како Македонци, дали досега имале некакви дејства…

Георги Христов, основач на весникот „Народна воља“ и еден од основачите на Граѓанското друштво за заштита на основни индивидуални човекови права во Бугарија вели дека и тој бил посетен од полицијата.

„Ова се прави пред друштвото да покаже каква било активност, нема никаков повод за ваква активност на полицијата и на обвинителството, освен да се направи притисок судот да го смени решението од пред два месеци за регистрација на друштвото. Сите добивме и покани да одиме во полицијата и да дадеме изјави за регистрацијата на друштвото.  Паралелно во Бугарија во различни медиуми почна вулгарна кампања против македонската нација вклучително и на националната телевизија, што нѐ наведува на мисла дека е во прашање организирана кампања од највисоко ниво“, вели Христов во изјавата за МКД.мк.

Македонците-активисти од Бугарија најавуваат дека за ова ќе испратат реакција и до Стразбур, до Судот за човекови права, а ќе бидат информаирани и членовите на мониторинг мисијата на Советот на Европа.

А.Д.

мкд.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...