4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаАвтопатот Кичево-Охрид е вистинска перална за пари: Ново задолжување од 179 милиони...

Автопатот Кичево-Охрид е вистинска перална за пари: Ново задолжување од 179 милиони долари

Комисијата за финасирање и буџет денеска ќе расправа за одобрувањето на државна гаранција на новиот кредит на Јавното претпријатие за државни патишта од кинеската Експорт импорт банката во износ 179,7 милиони долари (163 милиони евра) наменет за реализација на дополнителното финансирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

Потоа собранието во скратена постапка ќе треба да ја одобри гаранцијата за кредитот. Кредитот е со рок на отпла од 20 години, со вклучен грејс период од 5 години кои ќе бидат отплаќани во 30 еднакви полугодишни рати кои пристигнуваат за плаќање на 20-ти април и 20-ти октомври. Каматна стапка е фиксна каматна стапка и ќе изнесува 2% на годишно ниво за целото времетраење на заемот.

Јавното претпријатие за државни патишта ќе и плати на „Експорт-импорт“ банката на Кина еднократна провизија во износ од 0,25 % од износот на заемот (449,2 долари), во рок од 30 дена од датумот на влегување во сила на Договорот за заем, а ќе плаќа и провизија на неповлечените пари во износ од 0,25% на годишно ниво.

Ова е трет анекс на Договорот за заем за овој автопат кој беше потпишан во 2013 година на износ од 411 милиони евра.

Досега во рамки на проектот, како што стои во предлог законот за гаранција на кредитот, се повлечени 315,6 милиони долари (287 милиони евра) од заемот. Пробиени се околу 96% од трасата (пристапни патишта и дел е полн профил на траса). Се работи на земјените работи, пропусти, косини и асфалтирано е со прв слој од асфалт во должина од околу 18 км. Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува 76,65%. Рокот за градба е продолжен до 30.06.2021 година и рокот за повлекување на средства од заемот е продолжен до 31.12.2021 година.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

извор: Плус инфо фото: архива

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...