10.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаСветГрците си ја регистрираа „Macedonia the GReat” колективна трговска ознака за производите...

Грците си ја регистрираа „Macedonia the GReat” колективна трговска ознака за производите од грчката област Македонија

Слоганот „Macedonia the GReat”, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М” како ознака, испишани со бело на сина позадина, се новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, односно т.н. македонски производи.

Ознаката и слоганот со кои грчките производи ќе бидат пропратени на меѓународно ниво, беа презентирани денеска во Солун од Здружението на извозници на Грција, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јавува МИА од Атина.

По презентацијата, грчкиот премиер рекол дека новата колективна ознака „отсега, па натаму ќе ги придружува македонските производи и услуги низ целиот свет”.

„Се обврзав дека ќе се справиме со негативните последици од Договорот од Преспа, поддржувајќи ги професионалните групации од Северна Грција за да се воспостави унифициран колективен идентитет, кој ќе ги раздвојува производите што се произведуваат отсега понатаму на македонската почва. Верувам дека овој софистициран знак, претставен денеска и кој веднаш ќе биде доставен до Европската канцеларија во Аликанте, ја постигнува оваа цел. Сигурен сум дека тоа е знак што ќе го прифатат сите производители од Македонија, ги покрива сите три региони: Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија, ќе биде поддржан од бизнисите и ќе ни овозможи да имаме централен идентитет за македонски производи”, изјавил Мицотакис, додавајќи дека овој „идентитет упатува и на минатото, но и отвора пат за пооптимистичка посветла иднина”.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...