11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаЗабаваВчера ја гледав жена ми додека спиеше. Прдеше, целата влакнеста и запуштена,...

Вчера ја гледав жена ми додека спиеше. Прдеше, целата влакнеста и запуштена, како да сум се оженил со маж

Одамна сум оженет со иста жена. Веќе 25 години го делиме брачниот кревет и имаме две прекрасни деца. Живееме во трособен стан, таа е невработена, па јас се снаоѓав и со дополнителна работа за да можам да ги школувам децата. Сега фалабогу и тие по нешто подработуваат па финансиски помагаат.

Вчера ја гледав жена ми додека спиеше. Хрчеше, испотена од жешково, со влакна под мишки и на нозе, па дури и се испрде. Станав и отворив прозор. После долго време не можев повторно да заспијам, па така ненаспан заминав на работа. Така гледајќи ја си помислив исплашено, ко до мене да лежеше маж а не жена. Па каде исчена оној мал меден и миризлив ангел? Се чувствувам излажано….

Кога започна таа вака да се запушта? Уште после првата бременост! Со втората веќе беше деформирана. Се однесуваше како принцеза и цело време лежеше, не мрдаше со мал прст. Затоа тешко ги носеше бременостите и тешко се породи зошто беше многу улежана. И докторите истото и го велеа.

Нема многу работа по дома, а единствено тоа и е работа – грижа за децата и грижа за домот. А за чистење речиси секој викенд јас и помагам за сите потешки и покрупни работи. Никогаш не сум ја оставил сама да работи. Па дури за викендите ако не сум на работа јас им готвам.

Отсекогаш сакав хармоничен брак без поголеми трзавици. Јас сум веќе маж во 50-тите години и никогаш не се запуштив. На работа се среќавам со секакви луѓе и жени. А има жени на кои им се допаѓам и тоа отворено ми го кажуваат. Па дури сум имал и непристојни ситуации во кои се обиделе да ми седнат во скут и да бидат интимни со мене.

Досега не сум ја изневерил жена ми. Но вака гледајќи ја, понекогаш се прашувам дали грешев? Јас се жртвував за ова семејство, таа барем можеше да се одржува колку што може, а не да се запушти до степен да се срамам од неа.
Да, се срамам од неа кога одиме по свадби и слави. А само кога ќе ми текне како изгледаше кога се земавме.

Понекогаш го земам албумот со слики од свадбата само за да ја потсетам, но таа ми одмавнува со раката и се смее на тоа. Вели, тогаш била коска и кожа, дека инвестирала во себе и дека нема намера да слабее.

Толку, немам што повеќе да кажам. Така ми тежеше на душава, па сакав да ви се изјадам. Не дека утре ќе заминам да ја изневерам, штом досега не сум ја изневерил, сигурно нема ни во иднина, но ми е мака на душата. Ете…

И.П.

 

Izvor pogled.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...