9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаОд притвор избега и поранешниот телохранител на Сашо Мијалков

Од притвор избега и поранешниот телохранител на Сашо Мијалков

Некогашниот телохранител на Сашо Мијалков, Драганчо Стојменов познат како Дацо Белски избегал од притвор.

ој избегал од својот дом каде му бил одреден притвор како осомничен за обид за убиство, по пукањето во ресторанот „Аква“ во Кочани.

-На лицето за кое прашувате судот му одредил мерка куќен притвор, и според надлежноста полицијата неколку пати во текот на денот прави проверки. при последната проверката извршена вчера е констатирано дека лицето не е дома односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. По наредба на судот веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето, потврдија од МВР за Канал 5.

Инаку,Стоименов по тримесечно бегство во април годинава им се предаде на органите на прогонот по инцидентот со пукањето врз Драган Зравев во угостителски објект во Кочани при што го рани. Во јануари годинава Дацо Белски со огнено оружје го рани и 33 годишниот Драган Здравев- Дач во кафеана во Кочани. Стоименов на македонската јавност и е познат по случајот детонатор каде беше клучен сведок, а каде за рекетарство, перење на пари, поставување бомби и нелегални покер апарати на обвинителна клупа седнаа 16 лица од Кочани и Виница, по што следуваше и смена на 13 полициски командири, меѓу нив и на тогашниот началник на СВР – Штип.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...