13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаЗабаваЕве зошто праедовците ни живееле дури по 100 години, а ние денес...

Еве зошто праедовците ни живееле дури по 100 години, а ние денес како глувци паѓаме уште на 40.

ЗАМИСЛИТЕ: Се будиш на први петли, не оти алармот ти ѕвонел, ами оти сонце ти влегло во соба, се загреваш уште малку со љубената/иот и рипаш од кревет свеж ко арслан, одиш на чешма да измиеш очи со вода за која не добиваш сметки, ами е од Бога ГРАТИС, на враќање собираш некоја прачка за потпал, цепиш уште две-три од оние што планината ти ги ДАЛА, не си ги платил 3000 за кубик, пука огнот а ти земаш житото годинешно, кое не си го купил, ами во нива ти расте, па одиш да им фрлиш на кокошките и петлите, собираш 5-6 јајца од утрина снесени да им дадеш на децата, млекото е веќе измолзено топло и не е во тетрапак од 60 ден, лебот е вчерашен ама уште мириса на фурната и на рацете кои го меселе, од ланската ракија уште има а веќе се прави новата, шпајзот мириса на собрани јаболка, круши, грозје и ореви за зимата, слатко од дуњи и диви смокви за заблажување, месото е исушено и испушено зад куќи, и не е 10 евра и нема листерија, сирењето – направено, ајварот измешан, патлиџанот исушен за на зима да не јадеш кечап, тутунот е насечен за качак, оти родил во изобилие, ширата веќе вино се сторила, а комшијата ВЕЌЕ стои на врата, дошол на ракија и МУАБЕТ, БЕЗ ДА ТИ СЕ НАЈАВИ НА ФЕЈСБУК!
И ЗАМИСЛИ: сето тоа ти се родило без субвенции, немаш рата за кредит и не ти треба да земеш, немаш ни сметки за вода, оти имаш, за струја – оти не ти треба, за мобилен – оти кој ти треба ќе го најдеш, комшијата на врата не е ИЗВРШИТЕЛ, ами пријател, кај што должиш ќе вратиш со рака помош или со она што ти се родило, никој не ти кажува што да пиеш и јадеш оти баба ти и дедо ти те научиле, немаш казни за кал на копитата на магарето оти закон не го фаќа, не се будиш со ОГЛАСИ – оти имаш цела нива пред тебе за работење, и не плаќаш ни во прв, ни во втор, ни во трет фонд, оти и кога ќе остареш – НИВАТА ПАК ЌЕ РАЃА, и водата пак ќе тече, и шумата пак ќе буи…
И да, можеш да се скараш по дома и да не платиш 2500 евра, оти кавгата до утре е заборавена, а евра по дома не чуваш!
ПА СЕГА, ЗАМИСЛИ ТИ!
На здравје нека ни е,сами си сееме, сами си жнееме!

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...