14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаЕстрадаЌерката на Анета од групата Молика вистинска убавица

Ќерката на Анета од групата Молика вистинска убавица

Македонската пејачка Анета Мицевска или позната како Анета Молика повеќе од 16 години е во брак со Џими од групата „Молика“. Пејачката вели дека иако се толку години во брак тие се неразделни, а таа е пресреќна со својот сопруг.

-Најискрена ќе бидам. Јас сум пресреќна со Џими иако сме 16 години во брак и една година бевме во врска, значи 17. Љубовта кај нас се уште постои исто како да сме на почетокот. И што е најважно од се ние имаме разбирање и покрај тоа што сме заедно 24/7. Му благодариме на Господ што до сега во ниеден сегмент од нашето живеење ништо не ни е досадно“ изјави Молика во една прилика.

Анета и Џими од бракот ја имаат ќерката Моника, за која велат дека колку и да пораснала опкружена со љубов, таа е единствена жртва на нивната професија.

Моника има талент за пеење, меѓутоа студира стоматологија и тоа сака да биде нејзината идна професија. За разлика од другите јавни личности кои постојано се „закачани“ на социјалните мрежи и секојдневно постираат разни објави, Молика е помалку активна и објавува приватни фотографии.

Пејачката досега неколку пати ја покажа својата ќерка, а сега објави фотографија од Моника и јавно и го честиташе роденденот: „Среќен роденден моја убавице“, напиша Анета на заедничката фотографија.

Самата Молика истакна дека со нејзината професија не е лесно да биде и родител и дека за се постои жртва.

Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва. Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника. За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.

Иако, не е лесно да се балансираат професионалните и приватните обврски, веруваме дека Анета и Моника го користат секој момент да уживаат заедно и да го негуваат нивниот однос како мајка – ќерка.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...