11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаЕстрадаУлица во Србија ќе го носи името на нашиот Тоше

Улица во Србија ќе го носи името на нашиот Тоше

Доколку наскоро би шетале во Јабука, селото во општина Панчево тогаш ќе наидете на посебна улица.

Улицата во селото Јабука ќе го носи името на нашиот Тодор Тоше Проески. Тоа е првата улица во Србија која ќе се вика по Тоше.

Предлогот улицата да го носи името на Тоше упатен е до општината Панчево која наскоро треба да го усвои.

Од нивната општина велат дека македонскиот пејач заслужил повеќе од ваков помен, а тоа што улицата која ќе го носи неговото име се наоѓа во Јабука не е случајно. Во ова село живеат голем број Македонци кои на посебен начин сакаат да му се оддолжат на својот земјак.

Нивната идеја со воодушевување ја прифатиле и останатите жители на селото затоа што Тоше го слушаа сите, од Вардар па до Триглав. Не го нарекуваа без причина вториот Здравко Чолиќ.

Покрај улицата која ќе се вика Тоше Проески, во Јабука ќе добијат уште осум нови улици. А, во општината Панчево нови имиња ќе добијат вкупно 90 улици.

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...

Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“

„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга. Во август 2021, Марко Новески,...

Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста

Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат...

Пазарната инспекција ќе контролира кој ќе работи на изборните неработни денови

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на шеснаесеттата седница одржана на...