7.4 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЕве зошто Катица Јанева од Шутка се пресели во домашен притвор.

Еве зошто Катица Јанева од Шутка се пресели во домашен притвор.

Апелациониот суд Скопје го објави решението за преселбата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева од истржниот затвор Шутка во домашен притвор. Судскиот совет кој решавал и ја прифатил нејзината жалба за мерката притвор во образложението напишал:

„Околностите дека обвинетата е жена и самохрана мајка, сама се грижи за своите деца, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачуваување на нејзиното здравје да прима редовна медицинска терапија и да има хигиена во домашни услови, а по потреба да посетува и специјалист, укажуваат дека се исполнети условите за замена на мерката притвор со куќен притвор и за истите советот на овој суд оцени дека се основани и во конкретниот случај исполнети се законските услови за укинување на притворот и определување куќен притвор и мерки на претпазливост спрема обвинетата“ се вели во решението.
Мерката притвор е заменета со куќен притвор, и се забранува комуникација со лица опфатени во кривичното дело, а и се забранува и употреба на телефони и останати средства за комуникација. На Јанева и е одземен пасошот и неможе да добие нова патна исправа.
„Се определува надзорот над куќниот притвор да го спроведува МВР при што овластените службени лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали, ненајавено во текот на 24 часа, ќе го проверуваат присуството на обвинетата во нејзиниот дом, а за секое непочитување на решението од страна на обвинетата надлежната полициска станица е задолжена веднаш да го извести Основниот кривичен суд Скопје, “ се вели во решението.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...