6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПациентите од леукемија од денес ќе се лекуваат со донација.

Пациентите од леукемија од денес ќе се лекуваат со донација.

Од Комисијата за заштита на конкуренција за НОВА потврдија дека Клиниката за хематологија поднела барање за поведување на прекршочна постапка против двете веледрогерии кои настапиле со однапред договорени енормно високи цени на тендерот за лекот Иматиниб.

Пациентите со леукемија(хронична миeлоична леукемија)од денеска почнаа да добиваат од лекот Иматиниб. На Клиниката за хематологија стигнала донација од 100 кутии кои ќе ги покријат потребите на болните од еден месец. НОВА, неофицијално дознава дека донацијата е од „Септима“ една од фирмите учеснички на тендерот која е дисквалификувана бидејќи немала дозвола за промет.

Според информациите од Здружението на пациенти од ХМЛ, пациентите добиваат по една кутија од лекот, а не по една лента како што беше случај во последните 1-2 месеца. Утре ќе биде распишан нов тендер во Министерството за здравство за истиот лек, откако двата последни(на Хематологија и во Министерството) беа поништени. Сепак, неизвесно е до кога пациентите ќе имаат од неопходниот лек со оглед на тоа што тендерската процедура трае долго.

Денеска од Комисијата за заштита на конкуренција за НОВА потврдија дека Клиниката за хематологија поднела барање за поведување на прекршочна постапка против двете веледрогерии кои настапиле со однапред договорени енормно високи цени на тендерот за лекот Иматиниб. Поради ова тендерот на Хематологија беше поништен, а пациентите со хронична миeлоична леукемија 10 дена останаа без лекови.

Извор:Нова

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...