9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаДА СЕ РАБОТИ ПОМАЛКУ ОД 8 ЧАСА ДНЕВНО - Синдикатот бара европски...

ДА СЕ РАБОТИ ПОМАЛКУ ОД 8 ЧАСА ДНЕВНО – Синдикатот бара европски услови, фирмите скептични..

Синдикатот го кажа своето. Бара 38 часовна работна недела и породилно отсуство од 12 месеци, а договорите на определено време да се склучуваат само во исклучителни ситуации, и да не се пролонгираат подолго од една година.

Власта готви нов закон за работни односи, а вчера за таа цел ги седна на заедничка маса и работниците и стопанствениците, сите заедно да се усогласат за оваа многу значајна проблематика. Новото законско решение би требало да биде финализирано до крајот на годинава.

За дел од бизнисмените, синдикалните барања се неразбирливи за едно модерно време какво што е денешното. Тие сметаат дека ако се донесе ваков крут и ригиден закон кој ќе биде насочен само кон стриктна заштита на работничките права, без никаква флексибилност, тоа може неповолно да влијае на бизнисот и да ги одврати странските инвеститори.

„Да не се случи да донесеме закон кој ќе биде само за заштита на работничките права, а не закон за регулирање на односите меѓу работодавачите и работниците. Во едно модерно време на дигитализација, роботика, флексибилност, и се повеќе интелектуален труд, ние сега зборуваме за 12 месечно породилно отсуство, или 18 месечно ако станува збор за близнаци. Сметам дека треба да се занимаваме со посуштински работи. Законот треба да биде модерен и конципиран според карактеристиките на македонското општество. Не е поентата само да се препишуваат директиви од западноевропските земји, туку најбитно е тие да се применливи кај нас“, вели за Фактор Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

За барањата на Сојузот на синдиктите на Македонија работната недела да трае 38 часа, Бошков смета дека треба да се има предвид дека според мерењата, и сега работните часови не се исполнети со ефективна работа. Нему не му е јасно ни како произлегло барањето за 38 часовна работна недела. Тоа би значело дневно да се работи по 7,6 часа.

„Посоодветно ќе беше барем да се побараше 35 часовна работна недела, односно дневно да се работи по 7 часа“, вели Бошков. Според него, при преговарањето за тоа колку часа ќе трае работната недела, мора да се има предвид и менталитетот, како и работните навики на нашите граѓани.

И инсистирањето да се склучуваат договори на неопределено време, може да ги одврати домашните, а и странските инвеститори, кои некогаш имаат зделки на одреден период. „Еве на пример, се гради одреден патен правец, и тоа трае неколку години. Што потоа да прави фирмта ако работниците се на неопределено време, тоа за неа ќе значи зголемени трошоци за отпремнини и слично. Тоа создава крутост и ригидност, и со тоа се праќа лоша порака до инвеститорите“, вели Бошков.

Според него, Синдикатот на некој начин си пука во нога со вакви ригидни зацементирани барања, со кои не остава слобода за самите работници да преговараат со работодавачите, за работен однос кој нив најмногу би им одговарал.

За породилното отсуство смета дека 12 месеци е добро од аспект на демографските политики, но прашањето е како, во одредени дејности каде многу брзо напредува технологијата, ќе изгледа враќањето на некој што бил отсутен цела година, кој е целосно аут од новите технолошки процеси.

Овие реакции следуваат откако претседателот на ССМ, Дарко Димовски, побара хармонизацијата на нашите со европските закони за работни односи.

„Нашите барања се договорите за вработување со договор на определено време само во исклучителни ситуации и не подолго од една година, продолжено породилно отсуство до 12 месеци, 38 часовна работна недела, усогласување на платите според колективниот договор и усогласување на прашањата за годишни одмори и другите права“, рече Димовски.

Според него, новите јасни правила на игра ќе ги заштитат работниците од малверзации и за нив ќе создадат чисти ситуации, во кои ќе се знае кој што добива и кој што треба да испорача, без судења и инспекци, кои ги разводенуваат процесите.

Од европските синдикати, пак, порачуваат, странските компании што работат во земјава, да се обврзат дека ќе обезбедат исти услови за работа какви што имаат компаниите во нивните матични држави.

Нина Нинеска-Фиданоска

фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...