5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветАфрикански крал на сите 15 сопруги им купил по еден „РОЛС РОЈС“.

Африкански крал на сите 15 сопруги им купил по еден „РОЛС РОЈС“.

Мсвати Трети, кралот на една од најсиромашните држави во светот, Сватини, Африка, купи по еден нов „ролс ројс“ автомобил за своите 15 сопруги. Членовите на поширокото семејство и соработниците на кралот ќе добијат по едно „бе-ем-ве“. Ова е изненадување, бидејќи, иако кралот на земјата е еден од најбогатите владетели во светот, 63% од населението во земјата е сиромашно, а повеќе од половината се заразени со ХИВ. Единственото нешто што се смени во последните децении е името на државата, кое кралот го преименува од Свазиленд во Кралство еСватини. Тој го стори тоа минатата година на неговиот 50. роденден, наводно за да ја одбележи 50-годишнината од „независноста“.

Инаку, Мсвати Трети е еден од најбогатите монарси на светот со богатство проценето на над 200 милиони долари. Лани, на пример, тој си купи авион од 13,2 милиони американски долари, а има и околу дваесет „мерцедеси“ С-класа, лимузини „ролс-ројс“ и неколку „бе-ем-ве“ Х6.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...