13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаЗабаваМаск објасни зошто пукна непробојното стакло на Cybertruck

Маск објасни зошто пукна непробојното стакло на Cybertruck

Директорот на компанијата Tesla, Елон Маск, објасни зошто за време на претставувањето на електричниот пикап Cybertruck минатата недела пукна, наводно непробојното стакло на возилото, по што акциите на компанијата ја изгубија вредностa, а тој остана без 770 милиони долари.

Маск тврди дека клучен момент бил, кога ударот на големиот чекан тестиран за отпор на вратата направена од специјална мешавина од различни метали, ја „срушил“ структурата на стаклото и се компромитирала неговата јачина.

Тоа резултирало со пукање на стаклото, кога дизајнерот Франк вон Холхаузен удри со металната топка.

“Да, ударот со чекан во вратата ја напукна основата на стаклото, што предизвика металната топка да не отскокне. Требаше прво да го погодиме прозорецот а потоа да го направиме делот со чеканот и вратата”, напиша Маск на Твитер.

Тој сподели и видео од пробата од тестирањето, каде топката совршено отскокнува од прозорецот кој останува непроменет.

По инцидентот, акциите на Tesla паднаа за шест проценти на пазарот, но нивната вредност денес повторно скокна за четири проценти, откако Маск порача дека компанијата веќе добила 200.000 нарачки за својот футуристички пикап Cybertruck.

Маск има 48 години и во моментов е на 41-то место на листата на најбогати луѓе во светот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...