10.6 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаРеџепи нема да одговара за навреда на македонците - Ослободен од судот...

Реџепи нема да одговара за навреда на македонците – Ослободен од судот за говор на омраза и омаловажување на македонскиот народ

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли пријавата против поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, бидејќи „не постојат основи на сомневање дека пријавениот ги сторил кривичните дела – Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од чл.179 и Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска или друга дискриминаторска основа“, јави Мета.

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, во говор во село Арнакија, скопско, по повод темелите за возобновување на џамија на 14 март годинава даде изјава која многумина поединци и граѓански организации ја оценија како говор на омраза:

„Џамиите да се попречуваат и да не се одоброува нивната изградба, оваа работа нема да ја дозволиме. Никогаш нема да молчиме. Се надеваме со господ напред дека ќе дојдат подобри времиња и секаде имаме народ и места… во село Лажец, битолско каде повеќе од 100 години немаат џамија. Замислете вие каков див народ е овој со кој сме во соживот. Овие се беспримерен див народ, затоа немаат идентитет и нема да имаат никогаш, без разлика што ние сакаме да им помогнеме. Не се помага, бездушниот не се освестува“, рече тогаш Реџепи.

Од Обвинителството велат дека биле прибрани и материјални докази, а од анализата на доказите произлегло дека „не постојат основи на сомневање дека пријавениот ги сторил наведените кривични дела“.

„Клучен елемент на кривичното дело – Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците од член 179 од Кривичниот законик претставува намера јавно на подбив да се изложи македонскиот народ и припадници на заедниците кои живеат во државата, а при дадената изјава пријавениот никаде директно не споменува македонски народ, ниту припадници на заедниците со намера да ги исмејува“, велат од ОЈО и додаваат дека сослушаната судијка и сама во изјавата пред надлежниот обвинител истакна дека не се чувствува загрозена и не препознава говор на омраза во зборовите на пријавениот.

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...