10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаСветСАД за неколку години ќе ги укине визите за Бугарија?

САД за неколку години ќе ги укине визите за Бугарија?

Можно е и да ја посети Бугарија, а и САД ќе го разгледаат барањето за укинување на визите за бугарските државјани, најави американскиот претседател Доналд Трамп при гостувањето на бугарскиот премиер Бојко Борисов во Белата куќа.

Трамп ја пофали Бугарија дека купила американски авиони, а Бугарите дека се прекрасен народ со кого имаат одлични пријателски односи. Борисов се пофали дека издвоиле 3.9% од буџетот за НАТО (во кои спаѓаат и авионите), а Трамп, видно импресиониран од таквиот податок, му порача на Борисов истото тоа да ѝ го каже на Германија (согласно неговото инсистирање европските земји да одвојуваат повеќе за НАТО).

Борисов истакна дека е уверен дека ќе дојде до укинување на визите.

„Убеден сум дека американските визи за бугарите ќе бидат отстранети. Укинувањето на визниот режим со Канада е сјаен пример дека Бугарија не создава никакви проблеми. Со тоа претседателот Трамп би можел да остане во срцата на Бугарите многу долго време“, порача Борисов.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...