4.4 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаМакедонијаСЕ ОДРЖА МАСОВЕН МАРШ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО СКОПЈЕ.

СЕ ОДРЖА МАСОВЕН МАРШ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО СКОПЈЕ.

“Правда пред профит”, “Сакаме да дишеме”, “Нема воздух, нема мир”…. Ова се дел од пораките на еколошките здруженија и на граѓаните преку кои апелираа да се почитува правото на животна средина кое е гарантирано со Уставот.

Тие побараа радикална промена на политичките приоритети и радикална трансформација на општествено-економската поставеност, која ќе ја отфрли саможивата филозофија на владејачката класа и која ќе го стави обичниот човек на прво место.

Во спротивно, како што кажаа, нивниот одговор ќе биде радикален, порачувајќи дека во секојдневие кое се повеќе наликува на Чернобил, повеќе нема што да се изгуби.

Активисти од разни иницијативи од целата држава со над 200 барања со конкретни мерки во повеќе сектори, побараа промени и почиста животна средина.

Јана Наскова од иницијатива „Fridays for future“ на протесниот марш кој заврши пред Влада, истакна дека аерозагадувањето не се решава со купување маски за воздух во аптеките.

„Овој проблем може да се решаи само ако сите сплотено излеземе на улица и се избориме за чистиот воздух“, рече таа.

Според Коста Барсов се додека не се воведат итни радикални метри против аерозагадувањето, тие ќе излегуваат на улица, бидејќи како што истакна нерешавањето на проблемите го прекршува уставното право за здрава и чиста животна средина.

„На нив не им е гајле што мораме да носиме маски, не им е гајле што живееме како во Чернобил и тоа не треба да е така, тоа не мора да е така“, истакна тој.

Маршот започна од пред Министерството за животна средина, се движење низ центарот на Скопје до Собрание, а заврши пред Влада. Со ова, граѓаните се приклучија на Глобалниот климатски штрајк.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото на Вања тврди дека не се познава ниту со Палчо, ниту со другите тројца осомничени

Притворениците и затворениците од Шутка се згрозени од двојното убиство. Тројца од четворицата осомничени кои се во истиот затвор, признаа вина. Тие пред обвинител...

Исчезнатата 22-годишна девојка се вратила во домот !!!

МВР попладнево соопшти дека се вратила дома девојката (22) која беше пријавена дека се одалечила од домот.

Од МВР демантираат: Скопјанецот не напаѓал случајни минувачи, го нападал неговиот познаник !!

ДЕМАНТ: СВР Скопје го расчисти инцидентот во врска со споделено видео по портали за маж кој наводно агресивно се однесувал кон случајни минувачи -...

Се трага по 22-годишна девојка, таткото пријавил во полиција дека ја нема.

Денеска (09.12.2023) во 04.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.М.(53) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Т.М.(22) од Скопје. Се преземаат...