7.1 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМАКЕДОНСКИТЕ ГРАДБИ СЕ БЕЗБЕДНИ ПРИ ЗЕМЈОТРЕСИ, НО ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ВНИМАВААТ СО...

МАКЕДОНСКИТЕ ГРАДБИ СЕ БЕЗБЕДНИ ПРИ ЗЕМЈОТРЕСИ, НО ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА ВНИМАВААТ СО ДОГРАДБИТЕ

Внимателно со постарите објекти особено при нивната доградба апелираат од ИЗИИС по серијата на земјотреси кои го зафатија регионот.

Првиот човек на институцијата Влатко Шешов уверува дека градбите по земјотресот од 1963 та се стабилни но мора да се води сметка за нивните доградби за кои е неопходна консултација и проценка. Сепак од оваа институција уверуваат дека новите објекти можат да поднесат земјотрес со иста јачина како оној во Албанија и се проектирани по сите стандарди.

Во врска пак со градежната експанзија од Градежната комора велат дека тие немаат никаква врска со легализацијата на дивоградбите и дека за тоа надлежни се општинските власти но одговорно тврдат дека материјалите кои се користат во консултација со ИЗИИС се квалитетни.

По случувањата во Албанија но и тектонските поместувања во регионот кои се почуствуваа и во Грција, Босна и Херцеговина, Хрватска па и во Македонија – земјава ќе испрати инспектори во Албанија, со цел да се направи брза проценка на безбедност на објектите. Одлуката е донесена во кординација со Владата и ИЗИС.

24vesti

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...