6.8 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ЗЕЛЕНИОТ КРОВ НА ГТЦ. (ВИДЕО)

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ЗЕЛЕНИОТ КРОВ НА ГТЦ. (ВИДЕО)

По неколкумесечна работа на Градот Скопје во соработка со УНДП се отвори зелениот покрив на ГТЦ. На покривот засадени се околу 3.656 дрвја од различни видови. Покрај зеленилото, поставени се и неколку фонтани и базени, клупи и шаховско поле.

На свеченото отварање присутни беа многу Скопјани а меѓу нив беше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов како и директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски. Тој се надева дека на ова место ќе се раѓаат убави спомени и многу скопски приказни.

Тој вели дека според истражувањата, високите температури за време на летниот период, значително ќе се намалат.

Сумата за зелениот покрив изнесува околу 550.000 евра, а во неа се вклучени и градежните и изолациските работи.

Претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан рече дека иницијативата за изградба на овој зелен покрив не била само за да креираат убаво зелено место, туку имала значење поради тоа што анализата покажала дека ГТЦ е едно од најжешките локации во Скопје.

Image may contain: 1 person, smiling, pool and outdoor

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...