8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаЗабаваСите го исфрлаат а не знаат колкуможе да користи талогот од кафе

Сите го исфрлаат а не знаат колкуможе да користи талогот од кафе

Можеби звучи чудно, но откако ќе го испиете кафето, немојте да брзате да ја измиете чашата,
и да го истурите преостанатиот талог зошто може да фо искористите за многу работи.
Кафето не само што ги отстранува непријатните миризби, туку и не им допушта да се мешаат
меѓусебно. Ставете го талогот од кафето во фрижидер и на тој начин ќе ги отстраните
непријатните миризби.
Доколку вашето куќно милениче, зборот тоалет го сфаќа како нему што му
одговара, одвикнете го од лошата навика така што ќе измешате талог од кафе со претходно
исушена и измелена кора од портокал, па оваа мешавина поставете ја на местото кое вашето
милениче го избира за тоалет.
Со помош на талогот од кафето можете да ги отстраните гребнатините од површината на
вашиот мебел од темно дрво. За да го направите тоа, измешајте талог од кафе со жешка вода
и втријте врз гребнатините на мебелот.
Талогот од кафе помешан со глицерин може да го искористите за бришење на темни работи
од кожа. На пример: торби, нараквици, јакни и друго. Едноставно избришете со мека крпа или
парче памук потопена во многу јако кафе. Ќе ја воочите разликата.
Понекогаш новата кожна торба има непријатен мирис. Од него ќе се ослободите многу лесно
ако ја посипите со кафе и ја оставите така неколку часа. Оваа опција е погодна само за торби
направени од темна кожа.
Талогот од кафе е одлично ѓубриво за растенијата, кои сакаат кисели земјишта. Такви се
ружите, лилјаните, зимзелените дрва. Нахранете ги со талог од кафе, тие тоа го сакаат.

Кафето одлично ги чисти пепеларите и го елиминира непријатниот мирис. Посипете ја
пепеларата со малку кафе, избришете ја со влажна крпа и измијте ја.
Одлично средство во борбата со инсектите и разни бубачки. На местото од овие непријатели
ставете порција со талог од кафе и тие трајно ќе ја напуштат „својата“ територија.
Талогот од кафе жените многу го користат за разубавување: за пилинг на лицето, пилинг на
телото, антицелулитни облоги и слично.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...