13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаДебарцаГрадоначалникот Ногачески присуствуваше на одбележувањето на 3-ти Декември,Светскиот ден на лицата со...

Градоначалникот Ногачески присуствуваше на одбележувањето на 3-ти Декември,Светскиот ден на лицата со посебни потреби

Денес градоначалникот Ногачески беше гостин на Здружението на лицата со инвалидитет за општините Охрид и Дебрца “Мобилност” и Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите Охрид, а по повод одбележувањето на 3 Декември-Светскиот ден на лицата со посебни потреби.
Во своето обраќање истакна дека не само денес, туку секој ден треба да им го посветуваме на овие лица и да обезбедиме нивна целосна инклузија во општеството.

Меѓу нив има личности со извонредни интелектуални, уметнички, креативни, спортски и други натпросечни способности и затоа на нив сосема заслужено им прилега името – лица со посебни способности.

Како општина и во изминатиот период и во иднина ќе преземаме повеќе мерки за подобрување на нивната општествена положба ( финансиска поддршка на програмските активности на нивните здруженија, олеснет пристап до јавните институции, поддршка за еднодневни излети и други активности на кои сме обврзани и со меѓународните документи и со националното законодавство).
Традиционално и оваа година Денот се одбележа со спортските игри, а мене и оваа година ми припадна честа и особеното задоволство да ги поделам наградите на најдобрите учесници на игрите. – изјави Ногачески по доделувањето на наградите.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...