4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаДетали - Киднапиран Македонец во Тирана: Со пиштол на глава му барале...

Детали – Киднапиран Македонец во Тирана: Со пиштол на глава му барале 250.000 евра откуп

Сведочењето на 23-годишнот Македонец, киднапиран во Тирана од три лица, кои под закана со оружје му барале 250.000 евра, го пренесува албанската агенција Балкан веб.

Давор В. во полиција изјавил дека бил присилен од Сокол М. (42) и Алберт Џ. (41) и двајцата жители на Тирана, да влезе во автомобилот попладнето на 6-ти декември. Во главата му впериле пиштол барајќи 250.000 евра, а потоа насилно го втурнале во возилото, пренесува агенцијата.

Полициски извори потврдиле дека добиле дојава дека вооружени лица кружеле со возилото БМВ и присилно внеле маж во возилото.

Веднаш биле ангажирани припадниците на специјалната полициска едница „Шќипоња“. На предупредвањето да го запре возилото, возачот ја зголемил брзната, но подоцна било пресретнато во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана.Приведените ги отфрлиле обвиненијата дека станува збор за киднапирање, велејќи дека извршиле притисок врз македоскиот државјанин да им врати долг.

Но, целото сценарио за киднапирањето е расветлено од страна на полицијата кога Давор В. го спомнал Суби Е. (50) од Струга кој играл улога на посредник меѓу двајцата киднапери и семејството на Давор за добивање на парите, наведува агенцијата Балкан веб.На двајцата албански државјани веќе им е одредена мерка притвор, додека стружанецот ќе се брани од слобода под обвинение „непријавување на кривично дело“.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...