8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаКомедија во Дебрца-Охрид: Овчарите им оставале камен со знак, а дивите копачи...

Комедија во Дебрца-Охрид: Овчарите им оставале камен со знак, а дивите копачи им ги копале нивите барајќи злато.

spot_imgspot_img

Овчари во Дебрца од забава длабат знак на камен на нивата каде што го чуваат стадото, а потоа на трагачите по злато од блиското село им јавуваат за тоа. Тоа за копачите бил доказ дека на тоа место има злато и ја раскопуваат целата нива, но ништо не наоѓаат.

За ова знаат и охридски археолози, бидејќи и кај нив се јавувале луѓе од овој крај со информација дека на некој камен имало чуден знак, што за нив било доказ дека под него се крие злато.

„Уште кога бев директор на Завод и Музеј во Охрид ми се јавија неколкумина жители од Дебрца кои ми рекоа дека на некоја нива имало камен на кој бил издлабен некој чуден знак. За нив, тоа било доказ дека под него има некое богатство, најчесто злато. Ние ги игнориравме таквите повици, но во една прилика решивме да провериме за што се работи”, вели археологот Паско Кузман.

Тој формирал екипа од Музејот, ги обезбедил потребните дозволи и се упатил кон селата Велмеј и Песочани во Општина Дебрца. Таму под камењата со издлабен знак копале неколку дена и не нашле ништо.

Познат трагач по злато од Охрид, кој сака да остане анонимен, кажува за чудна појава што му ја имаат дојавено луѓе од селото Трпејца.

„Пред неколку години, жител на ова село ни рече дека кога има слаба облачност и кога првиот сончев зрак, главно веднаш пред изгрејсонце, ќе се усмери кон земјата, тоа е знак дека тука има некои скриено богатство. Ние сакавме да го провериме тоа, но во текот на денот имаше многу такви зраци кои ги пробиваат облаците. Попусто се трудевме да откриеме кој сончев зрак ќе нѐ одведе до наводното богатство”, раскажува овој трагач по злато.

Д. ЧУБРИЌ sdk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...