6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНашето убаво знаме со сонце, во Лондон беше заедно со знамињата на...

Нашето убаво знаме со сонце, во Лондон беше заедно со знамињата на најмоќните и најсилните земји.

Испишавме историја и беше задоволство да се седи на иста маса со лидерите на најмоќните држави, членки на НАТО, затоа што заслуживме, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Битола.

„Нема посериозна потврда дека сме на прав пат, од самитот на НАТО во Лондон, стануваме 30 земја членка на Алијансата, остваривме една од двете најголеми стратешки цели на државата и на цели генерации“, порача претседателот Заев.

Тој им порача на граѓаните да бидат горди, зошто се и продолжуваат да бидат на правиот пат.

„Ова наше убаво, македонско знаме, со овие жолто-црвени бои беше заедно со знамињата на САД, Германија, Британија, Франција, Италија, со сите членки на НАТО, со најмоќните и најсилните. Гордост и чест голема е да знаете дека и претседателот Трамп има еден глас ама и јас, Зоран Заев имам еден глас. Бидете горди граѓани, народе, успевме, на правиот пат сме и продолжуваме по тој пат“, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина “На прав пат“ во Битола.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...