13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаСвет„Тито го киднапираа 13 денови, а кога се врати не беше истиот...

„Тито го киднапираа 13 денови, а кога се врати не беше истиот човек“: Последната исповед на Јованка Броз

На денешен ден пред 95 години е родена Јованка Броз, првата дама на СФРЈ, сопругата на претседателот Јосип Броз Тито.

Нејзиниот живот и односот со Тито во еден дел ќе остане мистерија, пред сè затоа што Јованка по смртта на Тито била изолирана од јавниот живот.

Меѓутоа, пред две години, сценаристот и режисер Милан Шарач, најавувајќи ја монодрамата-исповед “Јас, Јованка Броз“, изјавил дека лајтмотивот на мелодрамата е всушност предсмртната желба и порака на некогашната прва дама на големата Југославија, односно нејзината исповед дадена само неколку месеци пред нејзината смрт.

Шарач тогаш открил неколку ексклузивни детали за јавноста.

„Нека неговото семејство ги погреба каде што сака. Секогаш тоа го кажував, го убедував дека тоа е најдоброто решение. За жал, не успеав да го убедам“ – му рекла Јованка.

Таа на Милан му раскажала и детали од времето кога почнал “атакот“ за да ја разделат од Тито.

„Дојдов во резиденцијата, а Тито не беше таму. Исчезна. Каде? Никој ни збор да каже. Го немаше 13 денови. Бев во шок. Не можев никому да му кажам, мислам на светската јавност ниту пак сама да го барам. Замислете, држава без шеф. Исчезна човекот сред бел ден. Кога го вратија тоа не беше мојот Тито. Тоа беше првиот ден од нашата конечна разделба. Каде беше тој? Кој го киднапираше? Му го раскажав тоа само на Раде Чечур, мојот шеф на обезбедувањето, полковник на полицијата“ – признала Јованка.

Во монодрамата ќе се види дека вдовицата на Тито никогаш не се одрекла од православната вера, без оглед на режимот во чиј корен бил атеизмот.

Од обилниот материјал кој не влегол во сценариото, Шарац за “Новости“ издвоил и една сцена кога Хашкиот трибунал му судел на Слободан Милошевиќ.

„Јованка во еден момент, целосно спонтано кажа: „Мој Милане, гледаш како ја зборуваат невистината дека таткото на Милошевиќ се самоубил. Дека се обесил. Тоа не е вистина Милане. Него го убија затоа што беше руски човек. Ја сакаше Русија. Затоа го убија“ – изјавила Јованка Броз.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...