10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаГоран, Александар, Дејан, Кире, Златко стануваат Албанци за да се вработат во...

Горан, Александар, Дејан, Кире, Златко стануваат Албанци за да се вработат во јавната администрација

Кире Трајковски, Дејан Илиевски, Златко Серафимовски, Горан Трајковски, Томислав Јанкуловски – Албанец, Александар Мишковски и Стивен Коцев  – други нациналности, Влатко Калчиноски – Ром пишува порталот Република

Предизборните вработувања ја продлабочуваат кризата во идентитетот, за кој по којзнае кој пат ни се потврди дека не само што не е бетон, туку е пена, која се разводнува под политички околности.

Придавката северно-, но и рамковните Албанец, Ром, други националности стануваат критериуми за вработување административни службеници, па така Кире, Златко, Томислав ќе сретнете дека се Албанци, а Влатко, на пример, Ром.

Иронијата да е поголема, административните Албанци и Роми ги носат најрепрезентативните македонски имиња од словенско потекло. Но, службата е нужда, а апсурдот е критериумот етнички клуч, кој се изигрува на најбанален начин. На законите кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, според кој најмалку 21% до вработените во администрацијата и службите мора да бидат од малцинските етнички заедници им се удоволува токму на овој начин – Кире ќе се пише Албанец, Влатко Ром, а Митре Турчин.

Со последната одлука за вработување на пожарникари во Противпожарната бригада на Скопје, на 15 октомври 15.10.2019 година, во БППЗ Скопје се вработени вкупно 10 пожарникари, од кои шестмина Албанци, еден Македонец, еден Србин и двајца од друга националност. Вкупно 10 извршители на работното место „пожарникар-спасител“.

Претходно, Влатко и Toмислав се вработија како помлад соработник за правни работи, односно помлад соработник за јавни работи во јавната установа Специјализирана болница за геријатриска и полијативна медицина „13 Ноември“ Скопје.

Извор Република.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...