4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаЗабаваИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ФИЛМОТ “САМ ДОМА” КОИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ФИЛМОТ “САМ ДОМА” КОИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ

“Сам дома” е комедија која не треба нешто особено да ја претставуваме. Едноставно кажано, никој од нас не може да си го замисли Божиќ без да ја погледне смешната приказна за едно неверојатно инветивно момче по име Кевин и неговите двајца не толку бистри пријатели криминалци. Филмот влезе дури и во Гинесовата книга на рекорди како еден од најголемите хитови на сите времиња. Сигурно и овој Божиќ ќе помине со него, но сепак овие овие факти кои ќе ги прочитате во продолжение сигурно не ги знаете за него.

И уште нешто, филмот слави 29 години од неговото прво појавување.

Девојката на Баз (братот на Кевин), всушност не е девојка, туку синот на креативниот директор на филмот, па него го трансформирале во девојче. Директорот не сакал да го употреби нејзиниот вистински лик за да не би вознемирил некоја тинејџерка.
Актерот Џои Пеши (кој го глуми Хари), често заборавал дека е во главна улога во семејна комедија, па затоа на снимањето често пати можело да се слушне како го изговара зборот fuck (јебига по нашки). Режисерот го советувал да се обиде да го замени тој збор со некоја поблага англиска верзија.
За да биде што е можно пореален, Џои Пеши сакал Калкин (Кевин) навистина да се плаши, па затоа на снимањето настојувал што е можно повеќе да се крие од него. Еден ден на снимањето, Пеши навистина успеал случајно да повреди дете (Кевин). Тоа се случило кога ја вежбале сцената во која двајцата криминалци го обесиле Кевин на закалачката, а ликот Хари изговара: „Јас ќе го изгризам секој од овие мали прсти, еден по еден.“ Актерот навистина ги гризнал прстите на Кевин, по што му потекло крв.
Филмот “Ангели на валканите души” кој го гледа Кевин за време на грабежот, всушност не е вистински филм. Кратката сцена од гангстерскиот филм, всушност е снимен посебно за “Сам дома” како дел од сцената.
Тарантулата која го полазила Марви по лицето е вистинска. За да го избегне заплашувањето на пајакот, актерот Даниел Стерн морал да одглуми некого кој вреска од страв без да пушти глас, а звукот е додаден подоцна.
Филмот е сниман речиси во целост во Чикаго, а она што се прикажува како аердром во Париз “O’Hare International Airport”. Луксузните седишта од деловната класа, се всушност поставени на кошаркарско игралиште во месното училиште, додека училишниот базен е прилагоден за употреба на сцената каде Кевин проаѓа низ поплавениот подрум во својата куќа.
Што се однесува до куќата во која Кевин живееше со семејството, истата се наоѓа на адресата 671 Lincoln Avenue во богатиот град Винетка, Илиноис. Вила со три ката, изградена како куќа за едно семејство, ставена е на пазарот за продажба уште во 2011 година за цена од 2,4 милиони долари и е продадена наредната година за 1.585.000 долари. Сега таа е туристичка атракција.
Улогата на Хари најпрво им била понудена на Роберт Де Ниро и Џон Ловиц, но и двајцата одбиле.
Киеран Калкин, кој во вистинскиот живот е брат на Меколи Калкин, во филмот го глуми неговиот помал братучед Филер, кој стално мокри во кревет.
Talkboy диктафонот кој го гледавме во филмот, всушност е непостоечки производ, направен специјално за овој филм, но тој реквизит не работел. Меѓутоа, многу обожаватели на овој филм, посакале за себе ваков диктафон, па затоа после неколку години се појавил во продавниците.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...