6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаЗабаваAко сакате кравите да ви даваат повеќе млеко, треба да им купите...

Aко сакате кравите да ви даваат повеќе млеко, треба да им купите ВР очила.

Се работи за глобален тренд на информатика и во земјоделскиот сектор. Руските производители на млеко не заостануваат по светските стандарди и се подготвени на пазарот да понудат нови решенија.

Кравата на зеленото пасиште, осветлено со сонце, пасе миризлива трева и вдишува свеж планински воздух – вака сите го замислуваме природното одгледување на крави коe ќе даде вкусно млеко и месо.

Реалност за повеќето крави, а потоа и за нас е сосема поинаква. Кравите главно се одгледуваат во затворени или полуотворени фарми, на неколку метри квадратни, опкружени со сив бетон.

Но, откако науката покажа дека среќни крави даваат поубаво и поквалитетно млеко, руските земјоделци се здружија со ИТ секторот и измислија ВР очила кои на кравите им покажуваат виртуелна реалност – зелени пасишта полни со сонце.

ВР очилата ги промовира московското Министерство за земјоделство и храна

Протoтип на очила за виртуелна реалност е тестиран на фарма во Московски регион поради подобрување на условите за кравите.

Покрај вообичаените услови за чување на стоката, се повеќе се обрнува внимание на емоционалната состојба на животните. Примери на млечни крави по светот покажуваат дека количината но и квалитетот на млекото се зголемува во мирна атмосфера.

Американските фармери во шталите вградуваат автоматски ротирачки четки кои „ глумат“ масажери. Од ова министерство информираат дека во Европа се користат роботи за да ѝ се осигура на стоката што повеќе слобода на движење. Во московските предградија сточарите на кравите им пуштаат класична музика.

Единствена програма за симулација на полиња во лето.

На Универзитетот Вагенинген во Холандија, ги проучувале условите на околината и дошле до заклучок дека тие имаат значајно влијание на здравјето на кравите, но и на квалитетот и на количините произведено млеко. Ова откритие го потврдија и научниците од Шкотскиот рурален факултет. Врз основа на интервјуата со земјоделците кои користат разни состави за подобрување на благосостојбата на животните, заклучено е дека таквите услови имаат позитивно влијание на квалитетот на млекото.

Програмерите на студијата за виртуелна реалност во соработка со ветеринарите и соевтниците од производството ги адаптирале ВР очилата за луѓе, земајќи ги во обзир структурните можности на главата на кравата. На основа на бројни студии на разни видови на говеда, покажувајќи им на кравите кои подобро влијаат, нијанси на црвен дел од спектарот и послаби зелени и сини тонови, авторите на виртуелна реалност создале единствена програма за симулација на полиња во лето.

Подобрената технологија би требало да влијае на целата индустрија. Во текот на првиот тест стручњаците забележале намалување на рамнодушноста и пораст на целокупното емоционално расположение на стадото.

Кое е влијанието на ВР очилата на производството на млеко кај кравата ќе се покаже во понатомашната сеопфатна студија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...