8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаАдминистративците: Акцијата беше задолжителна а не треба да е така- треба да...

Административците: Акцијата беше задолжителна а не треба да е така- треба да се чисти доброволно.

Наместо во канцеларија – на терен. Илјадници административци, заедно со нивните директори, градоначалници, министри, а на чело и со премиерот – денеска го чистеа ѓубрето низ градовите. Организирани на повеќе локации, со донирана опрема се фатија за работа, за да го оправдаат своето отсуство на 2-ри јануари.

„Акција ко акција, добра е малце за гимнастика..“ „Идејата е одлична ја подржуваме и ова е препорака до секој еден да се однесува совесно во животната средина“. „Секој службеник е совесен си ја знае работата и треба некогаш да помогне во својот почист град“. – Анкета.

Присуството беше задолжително, што според дел од синдикатите потсеќа на претходните политики како „Ден на дрвото“ кои велат време да се остават во минатото. Според првиот човек на УПОЗ вакви акции се за поздрав, но треба да бидат на доброволна основа, а власта да престане неработни денови да ги прави работни. Од друга страна, за министерот за администрација Дамјан Манчевски во организацијата нема ништо спорно.

„Евиденцијата се врши од страна на службите за евиденција на работно време, тука се луѓето се потпишуваат, значи ова е класичен работен ден, којшто решивме да го искористиме на еден поинаков начин и истото се прави на другите локации и навистина сметам дека нема тука никакво проблем од процедурален аспект.“ – Дамјан Манчевски – министер за администрација.

Заедно со невладината организација „Не биди ѓубре“ надлежните испратија пораки за подигање на еколошката свест кај граѓаните. Сепак, на терен градоначалникот Петре Шилегов и министерката Мила Царовска ги пречека сликата од системските пропусти. Додека даваа изјави пред камерите, багери ги уриваа картонски живеалишта на ромите под кале и околу кејот на Вардар.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...